Лазаров: Најтешките натпревари се пред нас

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров рече дека за „црвено-жолтите“ допрва следуваат тешките натпревари на Мундијалот.



Македонија забележа две победи на стартот против Јапонија и во 2.коло со Бахреин, а вечерва ја очекува мечот со Хрватска.

– Добро го отворивме шампионатот. Имаме две победи, но најтешките натпревари се пред нас. Ние не располагаме со широк ростер и многу се трошиме. Но нема предавање. Ќе се бориме, изјави Лазаров.

Македонскиот капитен на првите две средби постигна по осум гола и е најефикасниот играч во репрезентацијата.

Извор:  МИА
Објавена на 14.01.2019 12:06:14