Премиера на 3-та сезона на True Detective

Наградуваната HBO драма „Вистински детектив“ (True Detective) се враќа со третата сезона на 14. јануари кога првите две епизоди ќе бидат достапни на HBO GO, додека на HBO каналот премиерата на првите две епизоди ќе биде на истиот ден во 20:00 часот. Потоа, по една нова епизода ќе биде емитувана секој понеделник во 20 часот, а истиот ден епизодата ќе биде достапна и преку и HBO GO.

Во новата сезона дејството се фокусира на нов случај, а актерската екипа е навистна имресивна. Оскаровецот Махершала Али го игра Вејн Хејс, пензиониран детектив кој повеќе од 35 години е прогонуван од еден случај на исчезнување на 12-годишно момче и на неговата десетгодишна сестра во градчето Вест Фингер, Арканзас, во 1980 година. Како што остарениот Хејс, со својата послаба меморија се навраќа на деталите од неговата истрага со продуцентот на крими-документарец, така и ние дознаваме за случајот и за минатото на Хејс, следејќи приказни во 1980 година, кога се случило злосторството, и во 1990 година, кога шокантно откритие одново го буди интересот за случајот. Низ овие навраќања, ги запознаваме главните ликови како Роланд Вест (Стивен Дорф), партнер на Вејн во времето на убиството; Амелија Риардон (Кармено Ехого), учителка и писателка, како и локалните службеници, агенти на ФБИ, членови на семејствата и осомничените.

Секоја од осумте епизоди додава ново парче во мозаикот за тоа што се случило во таа судбоносна ноќ од 1980 година – и како тој настан ги обликувал животите на толку многу луѓе толку многу години.

Серијата досега е номинирана за дури 13 „Еми“ и 4 награди „Златен глобус, а позната е по славни актерски имиња кои настапувале во главните улоги. Во првата сезона ги гледавме Метју Меконаи и Вуди Харелсон, кои беа брилијантни во улогите на двајца детективи од Луизијана, додека во втората сезона Колин Фарел и Винс Вон ги водеа гледачите низ една возбудлива истрага за едно бизарно убиство во Калифорнија.

Сценарист на третата сезона е Ник Пицолато, зааедно со Дејвид Милч и Грахам Голди, додека за режијата беа задолжени Ник Пицолато, Џереми Солниер и Даниел Сакхајм. Извршни продуценти се се Ник Пилоцато, Скот Ситванс, Даниел Сакхајм, Џереми Солниер, Стив Голин, Ричард Браун и Бард Дорос, а продуцент е Питер Фелдман.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.01.2019 11:05:22