Футурама

Bose Frames паметни очила кои може да се користат и како слушалки

Компанијата Bose која е инаку позната по нивната музичка опрема сега направи модерни очила кои покрај тоа што ги штитат очите можат да се користат и како безжични слушалки, а се и првата аудио платформа за подобрена реалност во светот.



Bose Frames ги трансформираат гласовните команди на сосема ново ниво, менувајќи го начинот на кој што мобилниот звук функционира. Тие преку звучни сигнали можат да пренесуваат и музика и информации, нудејќи можност за одговарање на повиците од мобилниот, како и пристап кон виртуелни асистенти.

Целиот овој акустичен пакет е сместен во ентериерот на очилата, а ултра-малечкиот микрофон и мултифункционалното копче преку кое се контролира звукот и се вклучува безжичната конекција се скоро незабележливи и воопшто не влијаат на стилскиот изглед на очилата.



Bose Frames ќе се појават во продажба месецов по цена од $199, во два стила – коцкаст и заоблен, а инаку блокираат до 99% UVA/UVB зраци, отпорни се на гребење и кршење, а тежат само 45 грама.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 10.01.2019 11:49:24