Футурама

Откриена планета која испарува со рекордна брзина

Постојат определени видови на егзопланети кои се исклучително ретки, а ги нарекуваме „врели Нептуни“. Само неколку такви се откриени помеѓу 3869 потврдени егзопланети.



Сега, астрономите откриле планета која испарува и која може да биде „изгубената алка“ помеѓу врелите Нептуни и обичните егзопланети. Наречена Gliese 3470b, оваа планета ја губи атмосферата со брзина која никогаш досега не е забележана.

Астрономите сметаат дека причината што гледаме малку планети од овој вид е дека тие всушност се намалуваат во мини-Нептуни – еден од највообичаените видови на егзопланети откриени со мисијата Kepler.



Врел Нептун е вид на голема планета со големина и маса на Нептун или Уран, но која е многу поблиску од нив до матичната ѕвезда, на растојание помало отколку она помеѓу Земјата и Сонцето. Поради тоа, ваквите планети се потопли, со атмосферска температура од околу 927°C.

Gliese 3470 b не е единствената планета која испарува која ја имаме откриено, бидејќи таква е и Gliese 436 b.

Интернационалниот тим астрономи откриле дека таа ја губи атмосферата 100 пати побрзо од GJ 436b, а околу неа има водороден облак кој испарува во Вселената. За неколку милијарди години, половина од планетата може да исчезне.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 10.01.2019 11:32:26