Футурама

Mлеко од соја, млеко од бадеми...Млеко од пајак?!

Кинески научници документирале пајаци кои од телото на мајката на своите млади им даваат течност богата со хранливи материи – еден вид на „пајаково млеко“ – која е единствениот извор на храна додека тие не пораснат, а некогаш и не престануваат да ја пијат додека целосно не созреат.



Пајаците од видот Toxeus magnus, попознати како „скокачки пајаци“ изгледаат слично на мравките и имаат специјализиран орган кој го прави ова млеко за кое истражувачите сметаат дека е направено од неискористени јајца кои потоа се претвориле во храна.

Иако не се работи за лактација, истражувачите сметаат дека процесот може да се спореди со неа според функционалноста и намената, а служи и за слична еволуциска потреба – компензирање за несигурен пристап до храна и чување на младите во гнездото најдолго што може со цел да се заштитат од грабливци.

Инаку ова „млеко“ содржи 124mg протеин на 1ml, што е за 4 пати повеќе од количината на протеин во кравјото млеко.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 10.01.2019 10:37:47