Футурама

Австралискиот автономен воз е „најголемиот робот во светот“

Рударската корпорација Rio Tinto вели дека автономниот железнички систем наречен AutoHaul кој се развива во регионот Пилбара во Австралија веќе неколку години сега е целосно оперативен, достигнување кое овој систем, според компанијата, го прави „најголемиот робот во светот“.



Возот кој пренесува руда е само еден дел од амбициозниот проект за автоматизација кој вклучува роботика и автономни возила кои Rio Tinto сакаат да ги користат за да ги автоматизираат рударските операции.

Првиот тест бил направен порано во 2018-та , а сега системот комплетирал повеќе од милион километри автономни патувања.



Како одговор на загриженоста од работничките синдикати, од Rio Tinto ветуваат дека автономниот железнички систем нема да ги елиминира постоечките работни места во 2019-та, иако се очекува дека проектот на подолг период ќе елиминира дел од нив.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.01.2019 12:46:37