Гвардиола: Манчестер сити стори сé за да се осигура дека Дијаз нема да се пресели во Реал

Тренерот на Манчестер Сити, Жозеп Гвардиола, изјави дека клубот сторил сé што е можно за играчот од средниот ред Брахим Дијаз да не оди во Реал Мадрид, објави „Фудбал Еспања“



– Како што повторив многу пати, направивме се што е во наша моќ да го задржиме Дијаз, исто како и со Фил Фоден и Џејдон Санчо – важни фудбалери. Но само Фил одлучи да остане. На Дијаз му посакуваме најдобро. Преселувањето во Реал Мадрид не е лош потег и се надеваме дека тој ќе успее, изјави Гвардиола.

Во исто време, Шпанецот им честита на луѓето од академијата на клубот.

-Кога таквите големи клубови ги сакаат нашите играчи, тоа е доказ дека се работи добро со младите таленти, нагласи Гвардиола.

За потсетување, Дијаз направи трансфер oд Манчестер Сити во Реал Мадрид за 15 милиони евра. Договорот му важи до лето 2025 година.

Извор:  МИА
Објавена на 09.01.2019 12:12:19