Сари им донесе лаптоп на новинарите за да докажи дека Кејн бил во офсајд

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, смета дека главниот арбитер Мајкл Оливер направил грешка во полуфиналниот натпревар од Лига купот против Тотенхем при користење на системот ВАР. Италијанскиот стручњак пред новинарите донесе лаптоп со видео-снимка за да докаже дека Тотенхем неправедно добил пенал.



Единствениот гол на натпреварот го постигна Хари Кејн по досудениот удар од 11 метри.

– Го гледав видеото од нашата камера. Имаше офсајд. Нашата камера беше во линија со Кејн. Убаво се гледа дека во офсајд беше неговата глава и колено, изјави Сари.

Средбата заврши 1:0 за Тотенхем, а реваншот е на 24 јануари на теренот на Челзи.

Извор:  МИА
Објавена на 09.01.2019 12:07:38