Футурама

Календар на астрономски настани во 2019-та

Кога станува збор за настаните во Вселената, 2019-та ќе биде извонредна година.

Во 2018-та се случија многу значајни работи -  SpaceX го дебитираа Falcon Heavy, најмоќниот систем за лансирање ракети во светот, испратија автомобил кон Марс и помогнаа во лансирање на повеќе орбитални ракети.

NASA, пак, најавија први комерцијални летови со астронаути, започнаа нова потрага по планети слични на Земјата, испратија сонда да го „допре“ Сонцето и го слетаат InSight роботот на Марс.

Во 2019-та не очекуваат следниве работи:

Јануари 1:  New Horizons сондата на NASA прелета покрај Ultima Thule, најдалечниот објект кој досега човештвото се обидело да го посети. Тој се наоѓа во Каиперовиот појас на 6.5 милијарди километри од Земјата, а се смета дека е долг 32km. а широк 20km.

Јануари 3:  Кина стана првата нација чие летало (Chang’e-4) слета на темната страна на Месечината

Јануари 3-4: Метеорски дожд „Quadrantids” при кој можат да се забележат 50 до 100 метеори на час.

Јануари 6: Делумно сончево помрачување

Jануари 17: SpaceX ќе го лансира Crew Dragon леталото за прв пат, кое во иднина се очекува да ги пренесува астронаутите до и од Интернационалната вселенска станица. Првиот лет ќе биде без астронаути, а ќе се тестира безбедноста на системот пред тест летот со екипаж од двајца кој треба да се случи подоцна во 2019-та.

Јануари 20-21: Целосно помрачување на Месечината, т.н “Крвава месечина“

Јануари (непознат датум) – SpaceIL планираат да бидат првата приватна компанија која ќе лансира летало кон Месечината

Јануари 30:  Индија ќе ја лансира Chandrayaan-2, втората месечева мисија на вселенската агенција на Индија (ISRO).

Февруари 12 (и уште 6 пати во 2019):  Juno леталото на NASA ќе прелета над Јупитер

Февруари (непознат датум): ОneWeb се надеваат дека ќе ги лансираат нивните први 10 сателити од планираните 12 000 во следната декада. Целта е целата Земја да се покрие со интернет сервис кој е многу побрз, поефтин и поиздржлив од било кој сегашен.

Март (непознат датум): Boeing планираат да го лансираат CST-100 Starliner вселенското летало за прв пат, со кој NASA планираат да пренесуваат астронаути до и од земјината орбита.

Првото тромесечие на 2019-та:  SpaceX треба да ја лансираат втората Falcon Heavy ракета

Април 4 и септември 1:  Соларната сонда на NASA ќе пројде покрај Сонцето уште поблиску од минатиот пат

Мај 6-7:  Mетеорскиот дожд „ Eta Aquarids“ ќе создава еден метеор во минута, а ќе се состои од парчињата од Халеевата комета низ кои поминува Земјата.

Јуни (непознат датум):  SpaceX ќе го лансираат леталото Crew Dragon со два астронаути на NASA – првиот човечки екипаж кој ќе лета со него.

Јули 2: Целосно сончево помрачување кое најдобро ќе се гледа во централно Чиле и Аргентина.

Јули (непознат датум):  Кина планира да тестира летало кое во иднина ќе треба да пренесува екипаж

Јули 16: Делумно месечево помрачување кое најдобро ќе се гледа во Африка и западна Азија.

Август 12-12: Метеорски дожд “Perseids“ кој вообичаено е најдобриот метеорски дожд на годината.

Ноември 11: Меркур ќе транзитира пред Сонцето. Оваа планета е толку малечка и толку блиску до Сонцето и типично е многу тешко да се забележи, меѓутоа на овој датум тоа ќе биде возможно бидејќи ќе се движи т.е транзитира пред него.

Крајот на 2019 (непознат датум): Кина треба да лансира мисија кон Месечината (Chang’e-5)  која треба примерок од нејзината почва тежок 2.3kg.  да врати на Земјата

Крајот на 2019 (непознат датум): SpaceX ќе го тестираат новото Starship вселенско летало во јужен Тексас.

Декември 13-14: Mетеорски дожд “Geminidis” 

Декември 26: Ануларно сончево помрачување. Месечината не орбитира околу Земјата во совршен круг, па некогаш ни делува помалечка и подалечна. Кога таа го блокира Сонцето во фазата кога е најмала за нас, се добива ануларно помрачување – кога црниот круг од Месечината не го покрива сончевиот диск целосно. Овој настан ќе биде видлив во делови од Европа, Азија, Австралија и Африка.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 08.01.2019 16:11:01