Најавено продолжение на „Веном“

Продукциската куќа „Sony Pictures“ го најави вториот дел од приказната за антихеројот на Мarvel, Веном, со речиси истиот тим.



Насловната улога повторно ќе ја толкува Том Харди, а се очекува нему да му се придружи и Мишел Вилијамс.

Познато е и дека сценаристката Кели Расел ќе го работи и сценариото и ќе го продуцира вториот дел. Датумот на премиерата сѐ уште не е познат. „Веном“, чија премиера беше лани, досега во светот заработи 885 милиони долари.

Извор:  МИА
Објавена на 08.01.2019 12:51:35