Лејди Гага како принцеза од бајка со накит вреден 5 милиони долари

По Оскарите, Златните глобуси се втората најпрестижна филмска манифестација на која на едно место можеме да ги видиме познатите ѕвезди од светот на шоу бизнисот.

На црвениот тепих на Глобусите и оваа година забележавме низа интересни креации од врвните модни куќи, кои повеќе или помалку се вклопија во стилот на звучните холивудски имиња.

Почетокот на 2019-та се покажа мошне среќен за ѕвездата на „A Star Is Born“ пејачката Лејди Гага. Освен што си замина дома со награда за најдобра оригинална песна, Гага несомнено беше најгламурозната актерка на вечерта.





Нејзиниот небесно син фустан од колекцијата на Валентино беше надополнет со Tiffany Aurora - префинет рачно изработен дијамантски ѓердан во вредност од неверојатни 5 милиони долари. Уникатното парче накит се состои од 300 дијаманти и посебен 20 каратен камен во форма на капка, кој е поставен во централниот дел.

Дијамантите го „зачинија“ изгледот на принцеза, па Гага вешто и избега на конкуренцијата од холивудски дами кои се обидуваа да бидат забележани на црвениот тепих.













Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 07.01.2019 15:06:33