Спанаќот во смути помага во превенција од срцеви заболувања

Покрај железото, спанаќот содржи други витамини и минерали важни за одржување на здравјето, а еден од нив е антиоксидансот лутеин.

Во студија од 2017-та, истражувачи од универзитетот Linköping откриле дека лутеинот игра улога во намалување на воспаленијата кога биле анализирани имунолошки клетки од пациенти со коронарна артериска болест, која го зголемува ризикот од срцев удар.



Понова студија (2018) од истиот универзитет, пак, открила дека најдобар начин телото да го апсорбира лутеинот од спанаќот е кога тој е исецкан во смути, а причината за тоа е што присуството на маснотии од млечните производи во него (јогурт или млеко)

Лутеинот е класифициран и како антиоксиданс и како каротеноиден витамин. Тоа е природен пигмент кој се раствора во маснотии и го има во големи количини кај лиснатите зелени зеленчуци, како што е спанаќот.

Лутеинот може да се складира во имунолошките клетки, што значи телото го задржува долг временски период.

За потребите на најновата студија, истражувачите сакале да утврдат колку бил застапен лутеинот во зеленчуците кога тие се свежи и колку кога се зготвени, а крајната цел била да се открие како треба да се јаде спанаќот за од него да се апсорбира максималната количина лутеин.



Спанаќот бил варен, готвен на пареа и пржен до час и половина, при што било мерено нивото на лутеин во него кое било споредено со неговото ниво во свежиот спанаќ, а било заклучено дека топлината значително го намалувала.

Бидејќи свежиот спанаќ има најголемо ниво на лутеин, за најдобро да се искористи пожелно е тој да се јаде во комбинација со здрави масти, како на пример да се ситни и меша во смутија во кои има млечни производи.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 04.01.2019 17:33:40