Почина познатиот српски актер Марко Николиќ

Познатиот српски актер Марко Николиќ почина на 73 години, објави синоќа на социјалните мрежи неговата ќерка Мина Николиќ.

Таа на Фејсбук објави заедничка фотографија со својот татко, со годината на неговото раѓање и умирање (1946-2019).



Радио телевизија Србија објави дека познатиот српски актер починал на 1 јануари во Градската болница во Белград.

Николиќ е роден на 20 октомври 1946 година во Краљево.

Дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Беше член на Нарoдниот театар од 1970 година, а играше и на филм и на телевизија.

Најпознат е по улогата на Драгиша Попадиќ, викан „Гига Моравац“, од серијата „Подобар живот“.

Телевизиска слава му донесе и улогата на Караѓорѓе, чиј лик го толкуваше во серијата „Вук Караџиќ“, но и во телевизиската драма „Смртта на Караѓорѓе“ и телевизиската серија „Театар на Србите“. Ликот на Караѓорѓе го играше и во филмот „Шејтанов војник“.

Незаборавни улоги оствари и во филмовите „Монтевидео, бог те видео“, „Наскоро ќе биде пропаст на светот“, „Диви години“, „Ужичка република“, „Бошко Буха“, „Петриин венец“ и многу други.

Добитник е на наградата „Павле Вујисиќ“, што ја доделува Здружението на филмски глумци на Србија за доживотно дело.

Извор:  МИА
Објавена на 03.01.2019 11:26:55