Футурама

Состојки од кафето придонесуваат во борбата против Паркинсоновата болест

Ново откритие сугерира дека две состојки од кафето искомбинирани можат да помогнат во забавувањето на мозочната дегенерација поврзана со Паркинсоновата болест и деменцијата.

Скоро 1 милион луѓе во САД живеат со Паркинсоновата болест, а моменталните третмани само ги третираат симптомите, но не штитат од понатамошна мозочна дегенерација.

Демецијата, пак, ја имаат повеќе од 1 милион луѓе во САД, а предизвикува проблеми со размислувањето, однесувањето, расположението и движењето.

Авторот на новата студија, М. Марал Муридан, директор на институт за невролошки терапии и професор по неврологија во универзитетот Ратгерс, вели дека претходни истражувања покажале дека пиењето кафе може да го редуцира ризикот од развивање на Паркинсоновата болест.

Додека кофеинот традиционално се смета за специјален заштитнички агент од кафето, зрната каде содржат повеќе од 100 други состојки кои не се премногу познати.

Новата студија се фокусирала на масната киселина која е дериватив на невротрансмитерот серотонин, наречена EHT (Eicosanoyl-5-hydroxytryptamide), која ја има во восочната обвивка на зрното. Било откриено дека EHT го заштитувал мозокот на глувците против абнормалната акумулација на протеини поврзана со Паркинсоновата болест и деменцијата.

На глувците потоа им биле дадени малечки дози кофеин и EHT посебно, како и заедно и било заклучено дека секоја состојка сама по себе не била ефективна, но кога и двете биле дадени во комбинација бил активиран катализатор кој помагал при спречувањето на акумулација на штетни протеини во мозокот.

Потребни се дополнителни истражувања за да се одредат точните количини и сооднос на EHT и кофеин за да се добие истиот ефект и кај луѓето.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 02.01.2019 12:03:09