Футурама

Прашок за намалување на CO2 емисии

Научници од универзитетот во Ватерлу креирале прашок кој може да го заробува јаглерод диоксидот од фабриките и електраните.

Прашокот е креиран во лабораторијата на Zhongwei Chen, професор по хемиски инженеринг од Ватерлу и може да го филтрира и отстранува CO2 од фабриките напојувани со фосилни горива пред истиот да биде ослободен во атмосферата и тоа двојно поефикасно во споредба со конвенционалните методи.

CO2 молекулите се лепат на површината на јаглеродот кога доаѓаат во контакт со него, во процесот познат како апсорпција. Бидејќи го има во изобилство, евтин е и не и наштетува на животната околина, јаглеродот е одличен материјал за заробување на CO2.

Истражувачите од Ватерлу во колаборација со колеги од неколку други кинески универзитети, решиле да ги подобрат перформансите на апсорпцијата преку манипулирање со големината и концентрацијата на порите во јаглеродните материјали.



Новиот процес за манипулирање на големината и концентрацијата на порите би можел исто така да се користи за создавање оптимизирани јаглеродни прашоци филтрирање на вода или складирање на енергија.

Техниката која ја развиле користи топлина и сол за екстракција на црниот јаглероден прашок од билки, а јаглеродните сфери од кои е составен прашокот имаат многу пори од кои повеќето имаат дијаметар помал од милионити дел од 1 метар.

Порозноста на овој материјал е исклучително голема, а поради нивната големина овие пори можат многу ефикасно да го заробуваат CO2.

Откога ќе биде заситен со CO2, прашокот би можел да се транспортира на локации каде би бил закопан во длабоки геолошки формации за да не се испушти повторно во атмосферата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 02.01.2019 11:07:04