Футурама

Во јануари не очекува „супер крвава Месечина“

За нешто повеќe од 4 недели, Месечината ќе има црвена боја и ќе изгледа поголема на небото во релативно редок астрономски настан.

За половина од планетата која ќе има среќа да го посведочи настанов, тоа ќе биде шанса да се видат два фасцинантни спектакли комбинирани во т.н помрачување на „супер крвава Месечина“.



На американскиот континент ова ќе започне на 20 јануари во периодот од 19:15 до 22:45, додека оние во западна Европа и Африка ќе можат да видат дел од изгревањето или заоѓањето на Месечината на 21 јануари. Оние кои немаат трпение да ја гледаат целата 3 и пол часовна трансформација, нејзиниот климакс можат да го видат околу 6:15 наутро на 21 јануари.

Инаку, „крвавата“ нијанса потекнува од расфрлањето и прекршувањето на сончевата светлина низ нашата атмосфера кога Месечината поминува низ Земјината сенка за време на целосното помрачување, а истиот тој период Месечината ќе се наоѓа во најблиската точка до Земјата во нејзината орбита (за 2% поблиску од вообичаено).



Поимот „крвава месечина“ постои со векови и се спомнува во многу митови и легенди, бидејќи луѓето отсекогаш биле фасцинирани од помрачувањата на Месечината, особено во периодите кога не можеле да си ги објаснат.

Следното вакво помрачување нема да се случи до мај 2021.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 02.01.2019 10:00:29