Долна облека која може да се носи со недели без да се пере

Данска стартап компанија наречена Organic Basics создала долна облека која останува „свежа“ и по неколку недели носење, елиминирајќи ја потребата за често перење.



Кога нашата пот се впива во облеката, креира идеална околина за бактериите, кои се всушност „виновниците“ за лошиот мирис. Со третирање на долниот веш со Полигиен, продукт кој користи сребро хлорид за елиминирање на мириси, од Organic Basics влеат дека со тоа се спречува растење на 99.9% од бактериите што го спречува развивањето на лошиот мирис на долго време не исперената облека.



Меѓутоа, сето ова се зборови од самата компанија, а во реалноста ситуацијата е малку поразлична. Новинарка од New York Magazine забележала дека облеката имала „помалку свеж“ мирис уште по вториот ден и не сакала да си ја „испробува среќата“ и да ја тестира 3 дена по ред, додека нејзините машки колеги го тврделе истото по само 48 часа.

Дури и долната облека навистина да останува „свежа“ и по долг период без перење, многу е веројатно дека на луѓето ќе им биде тешко да поминат преку менталната бариера на носење на иста долна облека со недели.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 31.12.2018 12:09:53