Футурама

Технолошки предвидувања за 2019-та за подобрување на животната средина

Секоја година се отвораат нови можности за раст и за промена на работите на подобро, па истото се очекува и во 2019-та. Еве што сè се очекува да тргне по нагорна линија:

1) Револуционизирање на земјоделската индустрија со дигитални фарми и вештачка интелигенција



Вештачката интелигенција во земјоделството ќе се занимава со анализирање на разни извори на податоци поврзани со температурата, временските прилики, составот на почвата, влагата и сл. со што би се создал увид кој ќе предвидува кои култури треба да се засадат, кој период да се сеат и жнеат и во кои специфични области, со тоа подобрувајќи ги плодовите без потреба од користење на потенцијално опасни и скапи ѓубрива.

2) Нови трендови за создавање и подготовка на храната



Оваа година беше создаден „неверојатниот“ бургер – замена за месо кое се пече и мириса идентично како и она од вистински бифтек, како и 3D принтан стек направен од растителни протеини. Беше претставен и концептот на „телепортација на суши“ - 3D принтање на „пиксели“ кои се јадат, преземени од база на податоци за разни видови на храна, со цел луѓето да upload-ираат, пребаруваат и преземаат податоци за храна која во иднина би можел да ја испринта секој со 3D принтер способен за тоа.

3) Нова ера во градинарството



Разни дизајнерски студија и агенции годинава ја презентираа нивната визија за иднината на урбаното земјоделство, преку градини направени во хортикултурни лаборатории и во урбани средини каде хидропонската технологија е имплементирана за растење на природни хранливи плодови.

4) „Роботски билки“ и батерии од билки



Веќе се создадени „роботски билки“ со способност самите да ја пронајдат светлината која им е потребна за да растат, а дизајнирани се и билки кои користат како извор на енергија, користејќи ја енергијата од фотосинтезата да функционираат како батериски систем.

Во 2019-та би можеле да бидеме сведоци на здружување на силите на научниците, со цел да се изгради симбиотичка интеракција помеѓу природата и машините.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 31.12.2018 11:47:54