„Секс кацига“ – иднина на VR видео технологијата?

Порнографското студио VR Bangers претстави концепт на „секс кацига“ која користи 7 камери и пар бинаурални микрофони за снимање на следната генерација на порнографски видео материјали.



Компанијата тврди дека оваа кацига ќе може да снима во распон од 300 степени, и дека внатрешните екрани ќе им овозможат на актерите да имаат поактивна улога за време на снимањето во споредба со старите VR камери кои ги имаат користено.

Иако потрагата по подобри алатки за креирање на VR содржини е поголема од порнографијата, историјата покажува дека би било огромна грешка да се игнорираат иновациите од оваа индустрија.



Четири години по појавата на Oculus Rift, неговото користење и понатаму знае да биде непријатно бидејќи видео материјалите се снимани под широк агол за да кога главата се врти додека се гледаат „видикот“ не биде празен, се јавува чувство на дезориентираност кога главата е неподвижна но луѓето и објектите околу неа се движат.

Студијата кои снимаат порнографски материјали имаат значително придонесено за да VR индустријата напредува – според New York Times, гледањето на VR видеа пораснало за 275% помеѓу 2016 и 2017 на популарниот вебсајт PornHub.

Историјата постојано ја демонстрира способноста на порнографската индустрија да ја диктира траекторијата на потрошувачката технологија. VHS форматот на видео ленти ја „победил“ Betamax технологијата на Sony во 1980-тите бидејќи дистрибутерите на порно филмови го одбрале VHS-от како стандарден формат. Порно индустријата исто така има значително помогнато во развивање на онлајн видео стримингот.

Сега засега, VR Bangers изјавиле дека ќе ја задржат оваа технологија за нив и дека ќе ја користат исклучиво за нивните продукции.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 27.12.2018 15:48:49