Кога станува збор за одржувањето на тежината, рафинираниот шеќер во сите негови форми е пожелно што повеќе да се лимитира или да се елиминира од исхраната.
1) Го влошува спиењето
Колку повеќе шеќер јадете во текот на денот, толку поголеми се шансите да се будите во текот на ноќта. Причината за тоа е што шеќерот ја намалува активноста на клетките кои регулираат колку лесно се будиме. Овие клетки исто така го контролираат и апетитот, што значи не тераат повеќе да јадеме кога сме будни.
2) Ја зголемува подложноста на настинки и грип
Кога станува збор за ефективниот одговор на имунолошкиот систем особено во сезоната со настинки и грипови, шеќерот може значително да го намали така што ја намалува „армијата“ од бели крвни клетки.
Кога се внесува голема доза шеќер одеднаш (како газиран пијалок, бомбони и сл.), привремено се запира можноста на имунолошкиот систем да реагира на надворешни „непријатели“. Доколку тоа се случува ретко, ништо страшно, но бидејќи ефектот трае неколку часа, доколку постојано јадете храна која содржи шеќер, со тоа го саботирате сопствениот имунолошки систем.
3) Го зголемува ризикот од срцеви заболувања
Дури и доколку не сте со прекумерна тежина, исхраната богата со шеќер го зголемува ризикот од појава на срцеви заболувања. Во една студија која траела 15 години, учесниците кај кои повеќе од 25% калории кои ги внесувале биле од шеќери имале двојно поголеми шанси да умрат од срцева болест во споредба со оние кај кои помалку од 10% калории од храната доаѓале од шеќери.
4) Потенцијална депресија
Шеќерот предизвикува емоционални флуктуации кои вклучуваа анксиозност, фрустрација, па дури и депресија. Рафинираниот шеќер докажано ги троши важните хранливи состојки како протеинот и витамините Б, цинкот, хромот и манганот, чиј недостаток може да доведе до пониско ниво на емоционално и ментално функционирање.
5) Влошување на состојбата на кожата
Рафинираниот шеќер како и другата високо-гликемична храна го подигаат нивото на инсулин во телото, со што се зголемуваат воспаленијата. Кога тоа се случува, воспалението создава ензими кои ги уништуваат колагенот и еластинот, структуралните „градежни блокови“ на кожата, што резултира со „свисната“ кожа и брчки. Гликацијата исто така ги влошува пореметувањата на кожата како што се акните.