Лененото семе е богато со многу хранливи состојки кои позитивно влијаат врз нашето тело. Благодарение на него доаѓа до подобрување на дигестивната функција, намалување на ризикот од срцеви заболувања, тип 2 дијабетесот и разни видови канцер.
Сто грама ленено семе содржи 534 калории, а се состои од 42% маснотии, 29% јаглехидрати и 18% протеин.
Најдобрите здравствени придобивки се добиваат од сомеленото семе бидејќи неговата лушпа е толку цврста што низ цревата може да помине необработено доколку е цело.
Кои сè здравствени придобивки ги нуди?
1) Може да ја подобри работата на мозокот
Омега-3 масните киселини со кои што лененото семе е богато помагаат за заштита на здравјето на мозокот
2) Го подобрува варењето на храната
Како одличен избор на диетални влакна, лененото семе ја одржува дигестијата и здравиот баланс на стомачниот микробиом.
3) Заситува
Како добар извор на протеин, ова семе ќе ве држи сити подолго време.
4) Го намалува холестеролот
Околу 20% до 40% од влакната во лененото семе се растворливи, што значи дека формираат гел во стомакот кој се врзува со холестеролот и го отстранува од телото.
5) Го штити здравјето на срцето
Линолеичната киселина, значајна состојка од лененото семе, е асоцирана со намалување на систолниот (максималниот) крвен притисок, како и со намалување на ризикот од хипертензија (висок крвен притисок).
6) Помага во слабеењето
Благодарение на богатството со влакна, ова семе помага во одржување на здраво ниво на шеќер во крвта и го намалува апетитот, со тоа помагајќи во слабеењето.