Трендови за храна на кои треба да им се обрне внимание во 2019-та

Крајот на секоја година носи предвидувања во врска со трендовите кои би можеле да бидат застапени во идната година, но не значи дека само поради тоа што нешто ќе стане популарно дека треба и сите да го прават.

Еве на кои трендови поврзани со храната некои професионални и лиценцирани нутриционисти сметаат дека треба да им се обрне внимание во 2019-та:

1) „Пријателски“ маснотии



Додека децата во 90-тите беа воспитувани дека сите маснотии се лоши и храната без нив (fat-free) е добра, сега е докажано дека тоа воопшто не е точно. Не сите заситени масти се еднакви и различните видови на масни киселини имаат различни ефекти на нашето здравје и метаболизмот.

Нутриционистите препорачуваат да се јадат незаситени масти како авокадото, маслиновото масло, разните путери (од кикирики, бадем и сл.) бидејќи научните студии ги имаат поврзано овие масти со заштита на здравјето на срцето

2) Храна добиена од билки



Бројот на разни млека, сирења, јогурти и имитации на месо добиени од билки сè повеќе се зголемува на пазарот.

Нутриционистите во овој случај се противници на премногу процесираните „вештачки меса“ направени од соја, но затоа ги препорачуваат останатите алтернативи.

3) Медицински печурки



Тука не се мисли на психотропните печурки кои предизвикуваат халуцинации и сл. , туку на оние кои се користеле во кинеската медицина, како кордицепс, реиши и „лавовската грива“. Овие печурки сега се додаваат во друга храна (како гранола барови), а се користат и за правење кафе или чај, а се одличен извор на Б витамините и селениум – антиоксиданс кој го подобрува имунолошкиот систем.

4) Пијалаци кои помагаат при заспивањето



Некои нови пијалаци кои содржат состојки како корен од валеријана, пасифлора или мелатонин значително помагаат при заспивањето.

Но, бидејќи тоа зависи и од многу други работи (психичката состојба, времето поминато пред извор на сина светлина, т.е екрани од компјутери, смартфони и сл.), пред пиење на нешто вакво задолжително консултирајте се со лекар за да заклучите дали воопшто ви е потребно.

5) „Засилувачи“ на мозокот



Ноотропиците како кофеинот, Л-теанинот, адаптогените и билките кои ги има во суплементите, храната и пијалаците, овозможуваат подобрени перформанси и подобрување на меморијата и „јасноста“ на мислите.

Постојат научни докази за ефикасноста на одредени ноотропици како гинко билобата, женшенот и комбинацијата од Л-теанин и кофеин, но поради контроверзноста околу тоа кои од нив можат да ја поминат бариерата помеѓу мозокот и крвта, потребна е консултација со професионално лице од областа на здравството пред нивна употреба за било каква специфична намена.

6) Убавина која “се јаде“



Колагенот – протеинот во нашите коски, мускул и кожата – е популарен козметички производ со години, кој сега може да се купи и во форма на протеински прашок без вкус кој може да се додава во смутија или кафе.

Некои истражувачи сугерираат дека консумирањето колаген може да ја подобри еластичноста на кожата, бидејќи природната негова продукција во телото се забавува со стареењето.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 26.12.2018 10:46:53