Ед Ширан за една година заработил рекордни 380 милиони евра

Британскиот пејач Ед Ширан во 2018 година заработи 380 милиони евра од својата турнеја, односно просечно по над еден милион евра на ден.



Со тоа, англиската поп-ѕвезда ја потисна на второто место својата колешка Американка, Тејлор Свифт, којашто од својата „Reputation“ турнеја во 2018 година заработи 270 милиони евра. Следува заедничката турнеја на Бијонсе и Џеј-Зи, од која тие заработиле 220 милиони евра, потоа – Пинк, Бруно Марс, Ролинг Стоунс и Ју-Ту.

Овие пресметки ја вклучуваат само заработката од влезниците, но не и од спонзорствата, продажба на сувенири и слично.

Извор:  МИА
Објавена на 21.12.2018 13:54:19