Омнибус

Куќичка за кучиња од Ford која елиминира бучава

Празниците кои претстојат носат среќа на луѓето, но не и на кучињата.

Звуците од огномет и уште полошо, од петарди и слични експлозивни средства кои неконтролирано се користат за време на зимските празници исклучително лошо влијаат на кучињата.



Сега, Ford Europe создале куќичка за кучиња во која е вградена технологијата за активно елиминирање на бучава (noise-cancelling) која се користи во нивните автомобили, а која има минималистички и исклучително модерен дизајн.

Како и некои од моделите на Ford, оваа куќичка со микрофоните вградени во неа ги детектира експлозивните звуци и со испуштање на одредени фреквенции или ги пригушува или комплетно ги елиминира.

Тоа се постигнува и со повеќеслојните материјали кои имаат карактеристики кои го „убиваат“ звукот. Надворешниот слој на куќичката е направен од звучна изолација која е поставена врз панелите со акустична изолација, додека третиот и финален слој во него има вградени звучници со кои се пригушува звукот.

За жал, оваа куќичка за кучиња во моменталната фаза е само прототип.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 20.12.2018 13:00:18