Џорџ Лукас најбогат славен Американец во 2018 година

Режисерот на серијалот филмови „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас се најде на првото место на листата на „Најбогати славни личности“ во САД за 2018 година, што ја објави списанието „Форбс“.



Богатството на Лукас сега изнесува 5,4 милијарди долари, најмногу благодарение на продажбата на неговата продукциска куќа „Лукасфилм“ на „Дизни“ во 2012 година, за сума од 4,1 милијарда долари.

На второ место на листата е режисерот Стивен Спилберг со 3,7 милијарди долари, а трета е водителката Опра Винфри, која „тежи“ вкупно 2,8 милијарди долари.

Натаму следат поранешниот кошаркар Мајкл Џордан (1,7 милијарди долари), Кајли Џенер (900 милиони долари), раперот Џеј Зи (900 милиони долари), илузионистот Дејвид Коперфилд (875 милиони долари), раперот Пи Диди (825 милиони долари), бејзбол играчот Тајгер Вудс и писателот Џејмс Патерсон (двајцата имаат околу 800 милиони долари).

Извор:  МИА
Објавена на 20.12.2018 11:49:45