Омнибус

Како се слави Божиќ ширум светот?

Луѓето низ светот различно го прославуваат Божиќ и во различни денови – некои тоа го прават на 25-ти декември, некои на 7-ми јануари, други пак на сосема други датуми. Еве како овој празник понеобично се слави во разни земји низ светот:

1) На Филипините Божиќ се слави 5 месеци



Божиќната сезона на Филипините трае скоро половина година – декорациите се поставуваат во септември и не се симнуваат до првата недела во јануари, а фамилиите за Божиќната ноќ се собираат на вечера.

2) Во Јапонија се јаде KFC

Во Јапонија Божиќ се смета за романтичен ден за паровите и многу јапонски фамилии се „гостат“ со нешто што е станато традиционално јапонско Божиќно јадење: кофа со печена кокошка од КFC

3) Во Полска обичајот е да се чува крап во када



Божиќ во Полска се слави со давање на подароци, црквени служби и гледање на популарниот филм „Сам дома“ (Home Alone). Крапот вообичаено е главното јадење на Божиќната вечера, а како традиција се смета неколку дена пред празникот во кадата да се чува оваа риба и жената сама да ја убие пред да ја зготви. Оваа традиција е исто така популарна и во Чешката Република, Словачка, Австрија, Германија и Хрватска.

4) Во Австралија Божиќ често се слави на плажа

Австралијците фреквентно го слават празникот на плажа, со скара за време на ручекот.

5) Во Јамајка за Божиќ се јаде рум торта



Божиќ во Јамајка е период на постојани прослави, шопинг и фестивали. Овој период таму се пие слаткиот пијалак со ѓумбир наречен сорел и се јаде овошна рум торта.

6) Бразилците во декември добиваат 2 плати

Божиќната вечера во Бразил обично се состои од свинско, шунка, ориз и овошје. Бразилците често добиваат „13-та плата“ во декември, што значи плата двојно повисока од нивната нормална.

7) Во Латвија се рецитира поема за да се добие подарок



Една од традициите во Латвија вклучува рецитирање на поема, свирење на инструмент или пеење на песна за да се добијат подароците. Латвија се смета и за домот на првото Божиќно дрво – најстарата евидентирана употреба на дрво за декорирање на домот за овој празник датира од 1510-та во Рига, главниот град на земјата.

8) Во Кенија Божиќ е време за обединување на фамилиите

Кениските фамилии за празниците често патуваат од големите градови во малечките села за да бидат заедно со своите фамилии, а многумина ги посетуваат полноќните црковни сервиси и уживаат во обилна вечера со козјо или овчо месо, ориз и леб наречен „nyama choma”, како и во многу пиво.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 11.12.2018 14:46:11