Дупките на Џулија Робертс сè подобри со годините

Да, добро прочитавте...ДУПКИ! Сепак, не по наша вина.

Кој работи, тој греши, но она што му се случи на еден весник од Њујорк, за кратко време премина од техничка грешка, во вирален пост.



Никој не забележал дека во насловот на текстот за Џулија Робертс зборот roles во превод улоги, по грешка е напишан како holes односно дупки. Па така, она што требаше да звучи како „Џулија Робертс смета дека животот и нејзините улоги стануваат сè подобри со годините“ стана „Џулија Робертс смета дека животот и нејзините дупки стануваат сè подобри со годините“.

Весникот ја увиде грешката, па веќе во следното издание објави извинување на ненамерниот пропуст.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 11.12.2018 13:48:44