Роналдо: Ја заслужував „Златната топка“ секоја година

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо е убеден дека требаше да ја освои „Златната топка“ и оваа година.



Наградата за 2018 отиде кај Лука Модриќ од Реал Мадрид.

– Верувам дека секоја година ја заслужував „Златната топка“. Кога нема да победам, тоа не е катастрофа, не е крајот на светот. Но, за ова работам многу напорно, и моите статистики го потврдуваат ова. Се разбира, јас сум разочаран од резултатот, но тоа ќе ме мотивира. Животот продолжува, нема да плачам. Честитки за Модриќ, изјави Роналдо.

Португалецот ја одби поканата да присуствува на доделувањето на наградата на 3 декември во Париз.

Извор:  МИА
Објавена на 11.12.2018 11:32:37