Анчелоти: Тортата е подготвена, останува да се стави црешата на шлагот

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, во пресрет на вечерашниот натпревар од шестата рунда од групната фаза на Лигата на шампионите против Ливерпул, истакна дека неговиот тим има стартува со предност.



Тој додаде дека се фокусирал на играта на клубот од Неапол, а не на дуелот во Белград меѓу Црвена ѕвезда и ПСЖ кој ќе влијае на конечниот пласман.

– Секој натпревар е комплициран. На ПСЖ, исто така, нема да му биде лесно против Црвена ѕвезда, бидејќи во Лигата на шампионите секој сака да победи. Нема да имам време да го гледам тој меч. Ќе се фокусирам на нашата игра во Ливерпул. Ако внимателно одиграме во фазата на одбрана и во фазата на напад, ќе одиме понатаму. Покрај тоа, имаме и предност во групата. Тортата е подготвена, останува да се стави цреша на шлагот, изјави Анчелоти.

Натпреварот Ливерпул – Наполи се игра вечер со почеток во 21 часот.

На Наполи му е доволен и бод да оди во осминафиналето на ЛШ.

Извор:  МИА
Објавена на 11.12.2018 10:39:42