Сите очи вперени во гламурозната војвотка и нејзиното стомаче

Британските модни награди кои се одржаа во Лондон оваа година имаа специјално изненадување. Во улогата на презентер и посебен гостин на вечерта, се најде војвотката од Сасекс, Меган Маркл, која блесна во полн сјај во гламурозниот црн фустан на едно рамо од Живанши.



Војвотката ја додели престижната награда за дизајнер на годината, која и припадна на дизајнерката Клер Вајт Келер (48) од Живанши. Брендот е еден од омилените на Маркл, а доказ за тоа е нејзината венчаница која беше со потписот од позната модна куќа.

Сепак и покрај прекрасниот изглед, многумина на социјалните мрежи и забележаа на бремената Маркл дека става преголем акцент на своето трудничко стомаче. Заштитнички настроената војвотка постојано ги држеше рацете на овој дел од своето тело, што некои го протолкуваа како преголема потреба за внимание.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 11.12.2018 09:05:29