Омнибус

Alexa на Amazon може да помогне во решавање на убиство

Властите во Њу Хемпшир се надеваат дека Alexa на Amazon ќе може да им помогне да решат двојно убиство кое се случило во 2017-та.

Тимоти Верил бил обвинет за убиства од прв степен на Кристина Суливан (48год.) и Џена Пелегрини (32год.), за што се изјаснил дека не е виновен и чека судење.



Судијата кој го води случајот му наредил на Amazon да ги ослободат сите снимки од Amazon Echo звучникот кој бил одземен од страна на полицијата од местото на злосторството. Не е познато дали овој паметен звучник содржи било какви аудио докази, но возможно е дека на серверите на Amazon би можело да има некакво доказ во врска со нападот и отстранувањето на телата од кујната.

Повеќе од 30 милиони вакви уреди се продадени низ светот минатата година, а таа бројка се очекува да порасне до скоро 50 милиони во 2018, правејќи ги паметните звучници најбрзо растечката потрошувачка технологија. Alexa користи машинско учење во реално време за да им асистира на корисниците за сè од, на пример проверување на временската состојба или ситуацијата на патиштата, до пронаоѓање на најдобриот ресторан кој испорачува храна.

Кога на корисникот ќе даде гласовна команда, Alexa го снима кажаното и го испраќа на сервер кој потоа истата ја интерпретира и ги враќа повратните податоци.

Во пракса, системот треба да се активира единствено кога му е дадена гласовна команда, но тоа не е секогаш случај. Порано годинава еден ваков звучник на Amazon снимил приватен разговор на некој пар и го испратил на личност која била дел од нивната листа на контакти. Минатата година, пак, суд во Арканзас на обвинителите им одобрил да користат снимки од Alexa како доказ во судење за убиство, но обвинението подоцна било повлечено.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 10.12.2018 10:44:27