Футурама

Лепенка со игли за побрзо заздравување на срцето

Секоја година, само во САД 735 000 луѓе имаат срцев удар, а бидејќи со тоа срцето се оштетува, повеќе од една третина од нив се подложни од ризик за нови срцеви пореметувања.

Терапиите кои вклучуваат пресадување на клетки помагаат во заздравување на срцето, но интегрирањето на тие клетки е предизвик бидејќи срцевото ткиво не секогаш целосно ги задржува.



Сега, интернационален тим истражувачи смета дека нашол решение за ова – малечка лепенка покриена со микроигли кои испорачуваат срцеви стромални клетки (клетки на сврзното ткиво на секој орган,) директно во срцевото ткиво.

За да испробаат дали оваа лепенка е подобрување во однос на досегашните методи (како директна мускулна инјекција или интраваскуларна инфузија), истражувачите ја тестирале врз глувци и свињи.

Прво, на животните им биле предизвикани срцеви удари, за потоа лепенки кои содржеле срцеви стромални клетки да бидат ставени директно врз оштетените срца.



По испитувањето било откриено дека глувците со лепенките покажале помал број на умрени клетки, како и развивање на ново срцево ткиво. Кај свињите, пак, срцата пумпале повеќе крв отколку кај оние кои не биле третирани со лепенката.

Пред да се тестираат лепенките кај луѓето, истражувачите сакаат да ја заменат полимерната база со нешто кое што ќе се раствора во телото, а се надеваат и дека ќе изнајдат начин на имплантирање за кој нема да биде потребна хируршка интервенција.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 11.12.2018 09:26:58