Омнибус

Колку чини типичен романтичен состанок во разни градови низ светот?

Сајтот Elite Singles ги објави своите податоци околу тоа колку чини еден типичен романтичен состанок во градовите низ САД, но и низ светот.

Како типичен романтичен состанок била дефинирана вечера за двајца (во ресторан од средна класа), шише вино, две карти за во кино и такси за 8km. долг пат, а кога била направена споредба на цените во 21 поголеми градови низ САД, се покажало дека просечна цена на еден ваков состанок изнесувала $117.

Според овие податоци, романсата е најскапа во Њујорк, каде сето ова чини во просек $144. Во Индијанаполис, пак, цената е околу $100.

Анализата на другите градови низ светот покажала дека светскиот просек е $92, а еве какви се цените во неколку светски градови:

1) Осло, Норвешка - $170



Ако сакате да отиде во кино и на вечера, тоа ќе ве чини околу $170 во Осло, каде вечера со 3 оброци во ресторан чини во просек $91 за двајца.

2) Лондон, Англија - $161

Лондон е втор по ред најскап град за романтични состаноци во светот, каде две карти за кино чинат во просек $33.

3) Њујорк, САД – $144

Типичен романтичен состанок во „големото јаболко“ ќе ве чини помалку доколку не пиете вино во ресторан, туку го купите од продавница за околу $15.

4) Стокхолм, Шведска - $123

Вечера со 3 оброци во ресторан од средна класа во Стокхолм чини околу $77 за двајца.

5) Токио, Јапонија - $122

Добрата вест е што во Токио типична вечера за двајца во ресторан чини само околу $44.

6) Амстердам, Холандија - $116

Цената на два билети за кино е $26 во Амстердам

7) Париз, Франција - $114

Париз е синоним за романса, а паровите тука треба да спремат околу $114 за еден романтичен состанок, каде просечна вечера ќе ги чини $63

8) Берлин, Германија - $101



Цената на романтичен состанок во Берлин е околу $101, а доколку се решите да не пиете во ресторани, едно шише вино со среден квалитет ќе ве чини нешто над $5.

9) Барселона, Шпанија – $85

Во Барселона како и во Сингапур и Сеул, цената за еден романтичен состанок е под $100, а и тука едно шише вино чини околу $5

10) Најроби, Кенија –$75

Вечера со 3 оброка во ресторан во Најроби ќе ве чини околу $29

11) Рио де Жанерио, Бразил – $70

Паровите во овој јужноамерикански град едно излегување ќе ги чини околу $70, а цената на такси превозот за 8km. е околу $5.

12) Москва, Русија – $61

Просечна цена на вино во продавница во Москва е $8

13) Мексико Сити, Мексико - $45



Мексико Сити е главниот град на Мексико и одлична локација за добра забава, особено имајќи ја в предвид цената на типичен романтичен состанок која изнесува $45 – со вечера за двајца која чини само околу $24

14) Мумбаи, Индија - $35

Вечера за двајца во Мумбаи ќе ве чини околу $17

15) Истанбул, Турција - $31

Истанбул е најевтиниот град за романтични состаноци во светот – вечера со 3 оброци во ресторан чини во просек $17.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 06.12.2018 12:37:51