Зимски активности кои согоруваат многу калории

И во текот на зимата постојат многу фитнес активности кои можат да се прават на отворено. Некои од нив согоруваат многу повеќе калории отколку, на пример, трчање на лента во теретана. Такви се:

1) Шетање/планинарење/трчање во обувки за снег



Сите овие активности со специјални обувки за снег побаруваат значителна мускулна издржливост, а го подобруваат и балансот на телото, притоа согорувајќи околу 476 калории за еден час. За поинтензивно согорување, одберете повисок терен, со што повеќе ќе ги вежбате нозете.

2) Лизгање на мраз



Лизгањето на мраз согорува околу 408 калории на час, а различните видови на лизгање нудат уникатни фитнес придобивки: наглите промени на правецот на движење создаваат подобра стабилност на телото и кардиоваскуларна издржливост, додека пак уметничкото лизгање го подобрува балансот и координацијата на телото.
3) Скијање



Скијањето е неверојатно ефикасна активност, бидејќи го активира целото тело, притоа согорувајќи најмалку 408 калории на час. Колку побрзо скијате и колку подлабок е снегот, толку повеќе калории се согоруваат.

Скијањето на удолница согорува помалку калории – околу 272 на час – со маневрирањето помеѓу препреките, скоковите и слично го подобрува балансот и силата на колената и колковите. Користењето пак на стапови за скијање ги зајакнува рамениците и торзото.

4) Санкање



Омилената зимска активност од детството е одлична и за возрасните.

Санкањето е кардио вежба со која се вежбаат и нозете и рацете (доколку влечете некого на санката) и согорува околу 408 калории на час. Искачувањето по угорницата од која потоа се спушта санката е она што најмногу ги согорува, а колку таа е пострмна, толку повеќе калории се согоруваат.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.11.2018 13:18:10