Футурама

Научниците со идеја за „светилник“ кој би ги привлекувал вонземјаните

Додека научниците низ светот работат на создавање на нови методи кои би можеле да се користат за детектирање на вонземски живот, MIT има друга идеја.

Сегашната ласерска технологија да се искористи да се креира еден вид на „светилник“ кој би ги привлекувал потенцијалните напредни вонземски цивилизации кои и самите се во активна потрага по друг живот во Универзумот.



Овој светилник би бил способен да привлече внимание на далечина од 20 000 светлосни години од Земјата, а научниците сугерираат да биде напојуван од 1 до 2 мегаватен ласер кој би се фокусирал низ 30 до 45 метарски телескоп и би се насочил во Вселената. Оваа комбинација би создала зрак од инфрацрвена радијација доволно силен да се издвои во поглед на детектирање од сончевата енергија.

Ваквиот сигнал би можел да биде детектиран од вонземски астрономи кои ја истражуваат секцијата од Млечниот Пат во која ние се наоѓаме, особено доколку таквите астрономи се во блиски ѕвездени системи како Proxima Centauri.

Истражувачите од MIT велат дека доколку вонземски астроном го истражува Универзумот од TRAPPIST-1, најблиската ѕвезда до Земјата која има планети на кои потенцијално е можен живот, масивниот ласер би можел да се искористи да се испрати кратка порака во пулсирачка форма, слично на Морзеовата азбука.



Ваквата порака би може да пристигне на далечната планета за неколку години.

Потенцијалните проблеми со овој план, меѓу другото, го вклучуваат и фактот што и покрај тоа што инфрацрвениот зрак е невидлив, тој би можел да го оштети видот на луѓето доколку се гледа директно кон него. Тој би имал „флукс густина“ од околу 800 вати на метар квадратен, што е блиску до 1300 вати кои ги има Сонцето.

Затоа, побезбедна локација за ваквиот ласер би била темната страна на Месечината.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.11.2018 13:43:20