Футурама

Нов суперкомпјутер е најбрзата машина која може да имитира човечки мозок

Научниците го активирале најголемиот „мозок“ во светот: суперкомпјутер со милион процесорски јадра и 1200 меѓусебно поврзани електрични кола кои заедно функционираат како човечки мозок.

Ова е најголемиот неуроморфен компјутер – вид на компјутер го го имитира „испукувањето“ на невроните – а се создавал 10 години.



Наречен е SpiNNaker (Spiking Neural Network Architecture) и е лоциран во универзитетот во Манчестер.

Тој не само што „размислува“ како мозок, туку креира модели на неврони какви што се во човечкиот мозок и стимулира повеќе неврони истовремено повеќе од било кој друг компјутер во светот.

Неговата примарна намена ќе биде да создава делумни мозочни модели, како на пример модел на кортекс или базалните ганглии или на разни региони типично составени од мрежи на активни неврони.



Од април 2016-та, SpiNNaker ја симулирал невронската активност со 500 000 процесорски јадра, а неговата подобрена верзија има двоен капацитет. Тој сега има капацитет симултано да врши 200 квадрилиони акции.

Кога тој оперирал со половичниот капацитет, бил способен да моделира 80 000 неврони во кортексот, регион од мозокот кој ги обработува податоците од сетилата. Уште една симулација на базалните ганглии покажала дека суперкомпјутерот има потенцијал да се користи како алатка за студирање на мозочните пореметувања.

Иако има огромна процесорска моќ и способности слични на човечкиот мозок, вистинска симулација на човечки мозок едноставно не е возможна. Дури и исклучително напредна машина како SpiNNaker може да функционира со неполн 1% од капацитетот на човечкиот мозок.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.11.2018 12:22:51