Јадењето масна риба ги олеснува симптомите на астма кај децата

Резултати од мало контролно тестирање сугерираат дека воспалувањето на воздушните патишта асоцирано со астмата може да биде редуцирано со исхрана богата со омега-3 масни киселини.



Во истражувањето во период од 6 месеци биле испитувани разликите во симптомите на астма помеѓу 31 деца кои се хранеле со медитеранска исхрана и чии два оброка дневно биле мрсна риба и 33 деца кои се хранеле нормално.

По завршувањето на студијата, статистички немало никакви значајни разлики помеѓу двете групи во поглед на функцијата на белите дробови мерена со спирометрија, но оние чија исхрана изобилувала со масна риба имале подобрување во функцијата на белите дробови мерена со анализа на FeNO (фракционо издишан азотен оксид).

Овој тест се користи за дијагностирирање и набљудување на астмата, а се базира на фактот што клетките во бронхиолите на астматичарите ослободуваат повеќе азотен оксид (NО) гас од оние без оваа болест и дека нивото на издишаниот NO одговара на сериозноста на воспалението.

Кај групата со медитеранска исхрана просечното ниво на FeNo било намалено за 18.6%, додека па кај контролната група тоа се зголемило за 78.2%. Инаку, редукцијата на FeNO за најмалку 10 нивоа се смета за индикатор за потентен одговор на анти-инфламаторна терапија.



Веќе е познато дека исхраната богата со маснотии, шеќери и сол влијае на развивањето и прогресијата на астмата кај децата, а со оваа студија се докажува и дека е возможно симптомите на болеста да се менаџираат преку здрава исхрана.

Потребни се клинички тестирања со кои би се реплицирале истиве резултати за да се отвори пат на потенцијални нови терапии за олеснување на симптомите на астма кај децата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 13.11.2018 13:00:48