Футурама

Дронови во улога на спасувачи на живот при пожар

Дроновите последните години станаа популарна „играчка“ за луѓето, а во некои случаи и витална алатка во разни професии (видеографија, фотографија и др.). Но, дали тие некогаш би можеле да се искористат за спасување животи?

Група од 6 кинески студенти по дизајн сметаат дека и тоа е возможно и развиле концепт наречен „Net Guard” (заштитна мрежа) кој дроновите ги претвора во спасувачи во случај, на пример, на пожар во облакодер.



Ваквиот дрон би функционирал така што по добивњето на сигнал за тревога, со помош на вградениот GPS би ја пронашол локацијата на пожарот, летајќи на големи височини за да го избегне сообраќајот и таму пристигне за што пократко време.

Потоа, би се расклопил на 4 дела, раширувајќи мрежа за спасување направена од 4 слоја полиуретан, доволно цврст да ја издржи тежината на една просечна возрасна личност. Со помош на сензори дронот би ја следел личноста која скока, позиционирајќи се под неа за таа да слета во мрежата. Откако тоа ќе се случи, дронот бавно би слетал на безбедно.

За сето ова да е возможно дронот ќе треба да биде исклучително моќен, имајќи в предвид колкави тежини ќе треба да издржи да пренесува.



Под знак на прашање се става и способноста на дронот да остане во воздух откако ќе биде натоварен со „патник“. Сегашните квадкоптери се релативно стабилни бидејќи нивните пропелери се поставени во статичен, цврст оклоп, а во случај на Net Guard, тие со отворањето на мрежата би се раздвоиле и би требале независно самите да се нагодуваат со цел дронот да остане стабилен и со човек на него.

Концептот дефинитивно е интересен и корисен, а дали би можел да биде претворен во реалност останува да се види. Тој веќе добил награда од $13 000 на Golden Pin натпреварот за дизајн на концепти.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.11.2018 12:26:35