Футурама

Што се случува во мозокот кога сме тажни?

Сите знаеме какво е чувството на тага, но до скоро невролозите знаеле многу малку како оваа емоција изгледа  од научна перспектива.



Било познато дека дел од мозокот наречен амигдала играл улога, но мозочните скенови не биле доволно брзи да забележат што се случува при постојаните флуктуации на емоционалната состојба.

Ова се сменило кога тим истражувачи од универзитетот во Калифорнија ја анализирал електричната активност на мозоците на 21 пациент со епилепсија.

Кај повеќето пациенти, била забележана поврзаност помеѓу тагата и специфично нервно коло поврзано со амигдалата (која се справува со емоционалните флуктуации) и хипокампусот (каде се складираат сеќавањата).



Според истражувачите, постои поврзаност помеѓу тагата и сеќавањето на лошите работи кои ни се случиле – иако сè уште не е 100% потврдено дека тоа е тоа што навистина се случува. Дури не е ни најјасно дали поврзаноста помеѓу емоцијата и меморијата ја предизвикува тагата или обратно.

Сепак и ова откритие ќе придонесе за подобри терапии со пациенти, бидејќи е уште едно дополнително објаснување во врска со тоа што точно им се случува во мозокот кога се тажни.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.11.2018 13:54:30