Футурама

3 пациенти со спинални повреди прооделе со електрична стимулација

Нов вид на техника со електрична стимулација им помогнала на 3 мажи со спинални повреди повторно да проодат.

Техниката која би можела да го отвори патот за нови третмани за илјадниците кои ја изгубиле функцијата на нозете поради повреда користи прецизно таргетирани електрични стимулации директно во ‘рбетниот столб.



Истражувачкиот тим од École Polytechnique Fédérale de Lausanne во Швајцарија успеал со нивната специјализирана метода на епидурална електрична стимулација (EES) да овозможи на параплегичари доброволно да ја движат ногата, дури и без дотичната стимулација.

Инаку, методата функционирала години подоцна откако тте ги задобиле повредите.

EES која вклучува имплантирање на електроди во ‘рбетниот столб се истражува веќе неколку години, но досега имала поголем успех кај животните со парализа на нозете, отколку кај човечките пациенти.



Стандардната техника на EES вклучува континуирана стимулација која блокира значаен дел од проприоцептивниот внес на информации кај луѓето, отежнувајќи го чувството на позицијата на екстремитетите, дури и кога со неа се активираат мускули.

Во споредба со ова, новиот систем употребува секвенца на просторно селективни модели на стимулација – нешто што тимот го нарекува „спацијотемпорална„ стимулација – која безжично испраќа сигнали во импланти во ‘рбетниот столб кои активираат различни мускулни групи, притоа стимулирајќи раст на нови нерви и нервни конекции.

Оваа нова метода има предност во однос на досегашната бидејќи специфични стимулациски модели се аплицираат истовремено кога партиципантот се обидува да го направи движењето, што резултира со природна интеграција помеѓу неговите доброволни обиди да направи движење и селективните ефекти на стимулацијата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 04.01.2019 13:57:11