Омнибус

Лудо стенд ап шоу со Драган Маринковиќ – Маца

Љубителите на добриот хумор и стенд ап комедиите имаат одлична можност да уживаат во шоуто на величествениот Драган Маринковиќ – Маца, кое ќе се одржи на 16-ти ноември во Дом на Арм.



Маца ветува забава која ќе ве извади од реалноста и ќе ве однесе во фантастичниот свет на стариот добар балкански хумор со кој израснале генерации.

Тој е своевиден хумористичен булдождер кој ги урива сите бариери и со тоа успева нагонски и природно да ги насмее своите обожаватели.

Шоуто започнува од 20 часот, a картите може да се купат од сајтот на Купи карти за сè.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 03.11.2018 12:14:49