Дачиќ: Сакаме да ја затвориме Пандорината кутија на Косово

Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска во Стразбур порача дека Белград го уважува принципот на територијален интегритет, само се поставува прашањето од кога тој принцип ќе се применува.



– Треба да признаеме дека не е логично некој кој го признал Косово и нарушил територијалниот интегритет и границата на Србија сега да зборува за територијалниот интегритет и границата на Косово, истакна Дачиќ одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со вицеканцеларот на Австрија, Хајнц Кристијан.

Тој повика на реалност кога станува збор за принципи.

– Принципи, некој вели дека не треба да се отвара Пандорината кутија? Па, зошто тогаш ја отворивте кога го признавте Косово? Ние сакаме да ја затвориме, посочи Дачиќ.

Извор:  МИА
Објавена на 19.10.2018 16:45:27