Доналд Трамп го пофали конгресменот кој нападна новинар

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го пофали американскиот конгресмен од Монтана, кој физички нападна новинар за време на кампањата за изборите за Конгрес во 2017 година.

Конгресменот Џајанфорт мора да работи за општото добро во согласност со казната за нападот на Бен Џејкобс, дописник на британскиот весник „Гардиан“, на 24 мај 2017 година, ден пред изборите за едно место во Конгресот од Монтана.

- Секој човек кој ќе се обиде другиот да го сруши на под- е мој тип, им рече Трамп на новинарите на собирот на кој на присутните кратко им се обрати и Џајанфорт.
Трамп рече дека прво бил загрижен дека инцидентот може да и наштети на кампањата на Џајанфорт, но потоа се предомислил.

- Реков: „Ох, тоа е страшно. Ќе ги изгуби изборите“. А потоа реков: „Да почекаме за момент. Го знам сосема добро. Мислам дека тоа би можело да му помогне. И му помогна, рече Трамп.

Џајанфорт кој победи на изборите се изјасни за виновен заради нападот на репортерот.

Извор:  МИА
Објавена на 19.10.2018 11:03:38