Омнибус

Со „едно споделување“ до ГРАТИС КУРС по фотографија или филмски актер!

Школата за уметност „Џолев и уметностите“ веќе седма година креира едукативни програми од областа на уметноста и дизајнот, а ние заедно традиционално ја продолжуваме соработката и доделуваме гратис курс.

Пријавувањето за двете програми е во тек, a повеќе за програмите и предавачите можете да погледнете на:

Курс по фотографија
Обука за филмски актер

Сите читатели на Идивиди кои ќе ја споделат јавно (ќе направат public shаre) оваа вест од фан страната на Идивиди на својот профил на Facebook и под постот ќе оставaт свое име, презиме и програма (пр. Име Презиме - Курс по фотографија) стануваат потенцијален добитник и учесник на една од активните програми: Курс по фотографија или Обука за филмски актер.

Добитникот ќе биде изберен по случаен избор и објавен во вторник, 23-ти октомври.

За своето искуство, свој коментар даде Бојан Велевски (студент по историја на уметност, фотограф) добитникот на гратис курс по фотографија.



- Бев пријaтнo изненaден кoгa дoзнaв декa јaс бев избрaн кaкo дoбитник нa грaтис курсoт пo фoтoгрaфијa. Резултaтите ги видoв сoсемa случaјнo, 3 денa пo oбјaвувaњетo и мнoгу бев среќен. Курсoт ми беше еднo гoлемo искуствo, едноставно ми се проширија хоризонтите и видувањата за фотографијата, но и перцепцијата на светот околу нас. Секако, стекнaв нoви пријaтелствa и нaучив кoрисни сoвети oд нaши прoфесиoнaлни фoтoгрaфи!“ - вели Бојан.

За искуството од програмата „Обука за филм и филмски актер“, ни сподели ученичката Викторија Николовска од ДСУ „Никола Карев“.

-Никогаш не верував, а од секогаш посакував да глумам пред камера, да бидам вистинска актерка, но тоа беше само дел од обуката која пред се ја разви мојата имагинација, стекнав самодоверба кон моите идеи и ставови, но истовремено ме натера да размислувам критички. Обуката ми појасни што навистина значи филмската уметност и сето тоа преку игра и забава, помеѓу сите тие светла и камери. Со нетрпение ја очекувам нашата филмска премиера!



- Стартот пред секоја сезона е возбудлив, одвај чекам да започнеме! Фотоапарати, пејзажи, портрети, светла, модели, студио, кафиња, колачиња... Со актерите нов филм, театар, кино, дискусии, игри, камери, микрофони, шминки! - додаде Дејан Џолев, основач и сопственик на „Џолев и уметностите“.

Во тек е пријавувањето на тримесечни едукативно-уметнички програми: ФОТОГРАФИЈА и ФИЛМСКИ АКТЕР, што треба да започнат од 27-ми октомври.

Повеќе за „Џолев и уметностите“ на официјалната Facebook страна.

Контакт: 071 240 598

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.10.2018 14:28:37