Азар: Сари покажа дека е меѓу најдобрите тренери на светот

Играчот од средниот ред на Челзи, Еден Азар е задоволен од начинот на кој игра под водство на Маурицио Сари. Според белгискиот репрезентативец, Челзи добил многу со доаѓањето на Сари.



- Знаевме дека Сари е фантастичен тренер. Тој покажа дека е меѓу најдобрите во светот. Играме многу добро, постигнуваме многу, создаваме шанси. Кога тој се приклучи на тимот, веднаш ми укажа доверба. Ми рече дека сака да ме направи еден од најдобрите играчи во светот. Секогаш ми кажува дека можам да постигнам по три гола на натпревар. Тешко е, но јас го правам најдоброто што можам, изјави Азар.

Челзи по осум кола во Премиер лигата е на делба на првата позиција заедно со Манчестер Сити и Ливерпул. трите екипи имаат по 20 бода.

Извор:  МИА
Објавена на 18.10.2018 11:13:10