Омнибус

Измислени кондоми кои самите се подмачкуваат

Тим англиски истражувачи успешно создале кондом кој самиот се подмачкува кога тоа е потребно.

Иако латекс кондомите имаат бројни предности како што се ниската цена, леснотијата на користење и одлични бариерни карактеристики, тие имаат големо површинско триење, што може да доведе до разни нелагодности за време на сексот, вклучувајќи и кинење на кондомот.



Досега, за ова не постои совршено решение, освен донекаде лубрикантите кои можат да се користат во комбинација со латекс, но тие се лесно растворливи во физиолошките течности и не траат премногу долго.

Сега, направена е ново алтернативно решение во форма на кондоми со „вграден“ лубрикант, кои користат т.н „техника за третман на подмачкани површини“, која гумениот латекс го прекрива со тенок слој хидрофилни полимери.

Oвие полимери се привлечени од водените молекули и се растворливи, што значи дека кога ќе дојдат во контакт со влажна површина, стануваат лизгави на допир.



Техниката со која се премачкуваат кондомите формира силна хемиска врска помеѓу лубрикантот и латексот, што значи истиот не се отстранува лесно и овозможува конзистентна мала фрикција, а што е најважно ниедна од овие карактеристики не влијае на цврстината на латексот.

Ова откритие било делумно финансирано од фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, кои доделиле серија грантови во 2013-та за развивање на „следната генерација на кондоми“.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.10.2018 10:21:18