Како некои овошја и зеленчуци изгледале пред да ги „припитомиме“?

Следниот пат кога ќе земете гриз од лубеница или од клавче пченка, имајте в предвид дека тие не секогаш изгледале така и го имале тој вкус.

Денес генетски модифицираната храна (ГМО) предизвикува разни, претежно негативни реакции, но и покрај тоа што со многу студии е научно докажано дека не е штетна, луѓето се противат на неа, не сфаќајќи дека модифицирањето на генетиката на нашите омилени овошја и зеленчуци постојано се одвива веќе цел милениум.

Додека ГМО-ата вклучуваат одделување на гени од други организми (на пример бактерии) и вметнување во билките за да им се дадат одредени карактеристики како отпорност на штетници и слично, селективното размножување е многу побавен процес кој земјоделците го користат за селектирање и растење на продукти со одредени карактеристики.

1) Лубеница



На сликата која датира од 17-тиот век се гледа како тогаш изгледале лубениците. Нивната внатрешност имала извртени форми и била поделена на 6 парчиња со триаголнести форми. Со тек на времето, луѓето ја модифицирале лубеницата да има црвена внатрешност – која всушност е нејзината плацента.

2) Банана



Првите банани најверојатно биле култивирани пред најмалку 7000 до 10 000 години во она што е сега Папуа, Нова Гвинеја. Модерните банани потекнуваат од варијациите Musa acuminata и Musa balbisiana кои имале големи и тврди семки. Хибридот од овие две варијации ја создал модерната банана која има многу помали семки и многу подобар вкус.

3) Модар патлиџан



Низ историјата, оваа билка имала голем број форми и бои – бела, азурна, виолетова и жолта, а некои од најраните модри патлиџани биле култивирани во Кина. Примитивните верзии имале „рбет“ на местото каде што растението се поврзувало со лисјата.

Селективното одгледување се ослободило од овој дел и ни ги дало денешните големи заоблени пурпурни модри патлиџани.

4) Морков



Најстарите познати моркови биле растени во 10-тиот век во Персија и Азија и во почетокот имале виолетова или бела боја со тенок корен, но подоцна го изгубиле виолетовиот пигмент и станале жолти.

5) Пченка



Можеби еден од најдобрите примери за селективно размножување е северноамериканската слатка пченка, која била размножувана од билка која едвај се јадела. Природната пченка била за прв пат „припитомена“ во 7000 п.н.е и била сува како суров компир. Денес, пченката е 1000 пати поголема отколку што била пред 9000 години и е многу полесна за растење и лупење. 6.6% од неа е шеќер, во споредба со само 1.9% кај природната пченка. Овие промени почнале да се случуваат од 15-тиот век, кога европските доселеници почнале да ја култивираат.

6) Праски



Праските биле мали овошја слични на црешите и имале многу малку месо. За прв пат биле „припитомени“ во 4000 п.н.е од античките Кинези и имале земјен и солен вкус, сличен на оној на леќата.

По илјадници години селективно размножување, тие сега се 64 пати поголеми, 27% посочни и 4% послатки.

Така да, следниот пат кога некој ќе ви каже дека не смеете да јадете храна која е генетски модифицирана, одговорете му дека тоа веќе сите го правиме.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.10.2018 11:06:45