9 придобивки од зелениот чај

Зелениот чај датира уште од времето на античка Кина, а последните години популарноста му е нарасната поради тоа што сè повеќе луѓе стануваат свесни за неговите бројни здравствени придобивки како што се:

1) Ја зголемува енергијата

Студии покажале дека атлети кои пиеле 4 шолји зелен чај дневно во период од 12 недели имале подобрена издржливост.

2) Антиоксидансите во него го намалуваат ризикот од разни канцери

Зелениот чај содржи катехин антиоксиданси и полифеноли и ги заштитува клетките од оштетувања од слободните радикали, а спречува и растење на тумори.

3) Го забрзува топењето на маснотиите

Овој чај го забрзува метаболизмот и влијае на хормоните на позитивен начин, резултирајќи со топење поголема количина маснотии за да се искористат како енергија.

4) Помага за превенција од Алцхајмеровата болест

Студии покажале дека слободните радикали можат да влијаат на развивање на Алцхајмеровата болест, а нив ги уништуваат полифенолите од чајот.

5) Го подобрува здравјето на забите

Зелениот чај е антимикробна формулација богата со антиоксиданси кои го спречуваат лошиот здив, ги редуцираат оштетувањата во забите и го подобруваат здравјето на непцата.

6) Го намалува ризикот од тип 2 дијабетес

Зелениот чај помага да се сензибилизираат клетките за да подобро го метаболизираат шеќерот, а јапонска студија покажала дека оние кои пиеле 6 или повеќе шолји дневно имале 33% помали шанси за развивање на тип 2 дијабетес, во споредба со оние кои пиеле 1 шолја или помалце.

7) Го подобрува изгледот на косата

Електроните во зелениот чај помагаат за подобар сјај на косата, а може да го корситите и за нејзино плакнење.

8) Ги олеснува алергиите



Истражувачи откриле дека EGCG (Епигалокатехин галат) во чајот ги блокира рецепторите кои се познати по тоа што предизвикуваат алергии.

9) Го зголемува либидото

Кофеинот, гинсенгот и Л-теанинот се познати по тоа што го зголемуваат женското либидо, а сето тоа го содржи зелениот чај.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 16.10.2018 16:14:24