Футурама

Напојувана облека за зголемување на природната сила

Како што технологијата напреднува, сè повеќе уреди имаат прилично електроника во нив за да функционираат поефективно, но и да се „попаметни“.



Компанијата Seismic создала напојувана облека која може да ја зголеми природната сила, а тоа го постигнале преку фузија на облека и роботика, таргетирајќи го маркетот за „активна облека“, т.е онаа која се користи при разни спортски или физички активности.

Како функционира ова одело?

Првенствено, тоа го поддржува јадрото на телото со 30 вати моќност на секој колк, како и на долниот дел од грбот за да го олесни седењето, станувањето, кревањето и носењето потежок товар и слични други активности. Роботските „мускули“ можат да имаат контракции и да се релаксираат, на сличен начин како што тоа го прават вистинските мускули. Во внатрешните џебови, пак, може да се смести хардверот (кој може да се отстрани од оделото), како и литиум-јонските батерии кои може да се полнат.



Ова одело може да го користат постари личности кои можеби имаат потешкотии во движењето, но сакаат да уживаат во некоја физичка активност (прошетка, планинарење и сл.) која инаку би била тешка или неизводлива без него.

Seizmic оделото се состои од 3 слоја – основен, оној кој дава сила и смарт дел.

Основниот функционира претежно како долна облека, т.е поткошула, вториот слој ги содржи роботските компоненти лоцирани на надворешниот дел од ногата, колковите и долниот дел од грбот, кој ја реплицира функционалноста на мускулите, тетивите и лигаментите. Тука има и сензори кои ја следат поставеноста на телото и силата аплицирана врз секој од роботските мускули. Смарт слојот, пак е во екстерниот пакет кој се носи на долниот дел од грбот и тој го претставува „мозокот“ на оделото.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 17.10.2018 11:11:14