Храна која помага во согорувањето маснотии во зима

Зимата обично се поврзува со силна и калорична храна со која претежно „фрламе“ по некое килце на нас, но постои и храна која ја има во тој период, а помага во слабеењето.

1) Темно чоколадо



Темното чоколадо содржи две состојки кои го забрзуваат метаболизмот: кофеин и антиоксидансот катехин.

2) Сладок компир

Овие компири се одличен избор на влакна, кои помагаат да се чувствуваме сити и помагаат во согорувањето на калориите со тоа што го активираат дигестивниот систем. Тие исто така содржат хормон кој помага при регулирањето на шеќерот во крвта.

3) Цимет



Овој зачин ја забавува дигестијата, го регулира шеќерот во крвта и го забрзува метаболизмот.

4) Круши

Крушите, како и јаболката, содржат пектин кој се сврзува со водата и ја лимитира количината на маснотии кои телото ги апсорбира.

5) Мисирка

Мисирка е исклучително богата со протеин, кој заситува и на организмот му е потребна енергија за да го свари – што резултира со забрзан и поефективен метаболизам.

6) Грејпфрут

Грејпфрутот е одличен извор на растворливи влакна, покрај мноштвото витамини.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 19.10.2018 13:14:58